Во среда (20 март, 2013) во 19:30 часот во Кинотеката на Македонија, ќе започне традиционалната „Недела на франкофонскиот филм“.
Во исто време ќе биде отворен и изложба на плакати на француски филмови од Бугарија и премиерно ќе биде прикажан филмот „Готвачката“. Настанот ќе го отворат амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер и амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Петков.
Неделата на франкофонски филм се реализира во соработка со дипломатските претставништва на франкофонските земји и со поддршката на ТВ мрежата Арте.