Културниот караван на Турскиот културен центар „Јунус Емре“ од Скопје, утре (четврток, 13 септември, 2012 година) во 17:00 часот ќе пристигне во скопското село Цветово.
Караванот е организиран со цел да се претстават дел од активностите пред луѓето што не се во можност да го посетат Турскиот културен центар.
На културниот настан во Цветово ќе присуствува и амбасадорот на Турција во Македонија, Ѓурол Соќменсуер. Организираното поаѓање е во 15:00 часот од Турскиот културен центар „Јунус Емре“ од Скопје.