Семејната игра БИНГО БУМ носи радост и добивки за целото семејство …
Тетовчанецот Златко Трајчевски за својата среќна Бинго Бум картичка уплатена со 90 денари доби автомобил Пежо 208. Вчера на првиот ден од караванот на Државна лотарија на Македонија тимот на Државна лотарија на Македонија го посети Тетово, а пред продажното СРЕЌНО МЕСТО – Бартон, водителката Марјана Станојковска го додели автомобилот на среќното семејство Трајчевски.
Игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија се приредуваат со цел да се овозможи на граѓаните на брз и забавен начин со мали влогови да дојдат до парични добивки или посакуваниот автомобил.
Покрај редовните играчи, голем број граѓани не веруваат дека токму ним би им се насмевнала среќата и не пробуваат да учествуваат. Токму Златко е еден од нив, кој на инсистирање на сопругата, уплатил Бинго Бум картичка, прв пат во неговиот живот. Се одлучил за дури две картички, а една од нив е среќната која го донесе до Бинго Бум добивката.
Златко не е првиот кој со своето прво учество во игра на среќа постигнал добивка и од сега верува во својата среќа и верува дека доколку се учествува може и да се добие.
На веб страната на Државна лотарија на Македонија ( www.loto.mk ) на фотографиите од доделувањата на главни добивки, може да се видат над 100 насмеани лица кои за влог од 30 до 100 денари добиле автомобил скутер или парична добивка.
Само за потсетување, семејната игра на среќа Бинго Бум се емитува секој понеделник на МРТ од 20:30 во емисијата Време за среќа во која за само 30 минути на играчите и гледачите им се нудат извлекувања на две игри на среќа БИНГО БУМ и ЛОТО5 како и забава со групата Биоритам и водителите Марјана Станојковска, Виктор Петров – Викса и Маја Ристеска.
Тимот на Државна лотарија на Македонија задоволен што по неполни шест години работење, во четирите години од приредувањето игри на среќа, се покажа дека успешно ја реализира својата мисија, лансирањето на игрите на среќа кои носат задоволство, забава но и многу добивки.
Првата игра на среќа беше лансирана токму пред 4 година, на 23ти април Во 2010 на 23ти април беа пласирани првите инстант лозови и играта на среќа НовоЛото 7/34. Во чест на обележување на четири години од пласирањето на првите игри на среќа на Државна лотарија на Македонија организира караван со промоции во 15 градови низ Македонија. На промоциите граѓаните ќе можат да се дружат со водителите на игрите на среќа Марјана, Викса и Маја, да се забавуваат, да учествуваат во игрите на среќа и добиваат подароци од Државна лотарија на Македонија и во специјалните кутии наменети за наградната игра да ги оставаат своите коверти со фискални сметки.
На самиот страт, токму на првиот ден од караванот, екипата на Државна лотарија на Македонија имаше прилика да се запознае со новиот член во нашето среќно семејство добитници. Во Тетово, пред Бартон, во текот на самата промоција, иамвме прилика да се дружиме со среќното семејство на Златко Трајчевски, кој до сега не верувал во можност за добивка и не учествувал во игри на среќа, а токму првото учество му донесе автомобил.
ЗА ДОБРО!
(комерцијален текст)