Македонскиот театарски и филмски режисер Александар Поповски ја доби наградата за најдобра режија на фестивалот “Денови на комедијата”, кој секоја година се одржува во Целје, Словенија.
На овој фестивал, на кој учествуваат селектираните словенечки театри, годинава за најдобра претстава е прогласена претставата на СНГ Љубљана, “Мистериј Буффо” од Владимир Мајаковски, а во режија на Александар Поповски.
Наградата за најдобра актерка ја доби Маса Дерганца, наградата за најдобар актер Клемен Слакоњаза.
Александар Поповски ја доби и наградата од словенечката публика.