Кики Лесендриќ и Драган Бјелогрлиќ вечерва на “Еден на Еден”

Ѕвездите од Икс Фактор – Даниел Кајмакоски, Тамара Милановиќ и Кики Лесендриќ пред неколку дена допатуваа во Скопје за да бидат гости во шоуто Еден на Еден.

eden na eden kajmakoski lesendric

 

Директно од скопскиот аеродром, домаќинот Жарко Димитриоски ги одведе на ручек каде можеа малку да се одморат надвор од очите на јавноста.

– Немаме воопшто време да уживаме во вакви секојдневни работи. Толку сме зафатени што единствениот слободен ден оваа недела ни е токму овој. Но, огромно задоволство ни е што сме тука и ќе се потрудиме да снимиме одлична емисија – кажа Тамара.

Фактот дека се работи за исклучително популарни лица сам по себе бил доволен и за “специјални” организациски мерки.

– Имавме ситни грижи околу транспорт, сместување, такви некои логистички работи. За среќа имаме супер подготвен тим, па без никакви проблеми го поминавме сето тоа. Минатата недела гостин ни беше Бјелогрлиќ, така што дечкиве ни влетаа во одличен момент. Сега и Обама може да дојде слободно, подготвени сме – на шега искоментира Жаре.

eden na eden bjelogrlic

Како загревање за шоуто со ѕвездите од Икс Фактор, вечерва (недела, 23.02) кај Жаре ќе гледаме уште една ексклузива. Првото интервју од овој тип во Македонија на легендарниот Драган Бјелогрлиќ.

You May Also Like