Натпревари по македонски јазик

Од 25 април до 17 мај 2014, во тек се активностите поврзани со натпреварите по македонски јазик и литература за основното и за средното образование.

writing

Натпреварите ги организира и ги изведува Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на РМ, како акредитирана институција од Министерството за образование и наука за ученичките натпревари по овој предмет. Право на учество на овие натпревари имаат сите ученици одVIII одделение на осумгодишното основно образование и од III година на средното образование, коишто следат настава на македонски јазик или на еден од јазиците на заедниците во РМ.

На 25 април, во осум региони на територијата на РМ се одржаа Општинските натпревари за основното образование, на коишто учествуваа вкупно 104 ученици. Учениците што освоија над 80 поени, се стекнаа со правото да учествуваат на XXXVII државен натпревар по предметот Македонски јазик за основното образование, што ќе се одржи на 17 мај во Просениково, Струмица. XXVI државен натпревар по предметот Македонски јазик и литература за средното образование ќе се одржи на 10 мај во Делчево. Подготовките на учениците за натпреварите се под менторство на наставниците и професорите по македонски јазик.

Во рамките на натпреварите за средното образование, а во соработка со Општина Радовиш, Сојузот на друштвата за македонски јазик и литературатрадиционално го распишува и конкурсот „Ацо Караманов“, на којштоучениците се натпреваруваат со есеи од областа на македонскиот јазик и на македонската литература.
Годинава Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на РМодбележува значаенјубилеј – 60-годишнината од своето формирање и од излегувањето на првиот број на списанието„Литературен збор“. Во текот на шестдецениското постоење, списанието „Литературен збор“ даде значаен придонес во науката за јазикот и во науката за литературата, како и во развојот и осовременувањето на наставната теорија и практика по предметите Македонски јазик и Македонски јазик и литература за основното и за средното образование.

You May Also Like