„Свеќите горат до крајот“ на македонски јазик

Деновиве ИК Три од Скопје го објави романот „Свеќите горат до крајот“ од Шандор Мараи.

„Свеќите горат до крајот “ е едно од заборавените ремек-дела на Шандор Мараи, автор чии книги  одново се откриваат по падот на комунистичкиот режим во Европа. Неговиот опус денес сосема заслужено зазема едно од централните места во европската книжевност од 20-от век, и е преведуван и читан на многу светски јазици.

Во замок на подножјето на Карпатите, еден стар благородник го пречекува својот пријател кого не го видел четириесет и една година. Во текот на ноќта, од вечерата до изгрејсонцето, двајцата мажи со зборови и тишини, приказни, обвинувања и изговори, се соочуваат со настанот што во целост ги промени нивните животи, но и животот на уште една личност што недостасува во трпезаријата со запалени свеќи – сега веќе покојната господарка на замокот. Последниот пат сите тројца седеле во истата просторија по ловот на елени во шумата во дамнешната 1900 година, кој иако бил безуспешен, оставил катастрофални последици. А часот на пресметка конечно отчукува.

You May Also Like