Деветтиот поетски караван патува за Старо Нагоричане

Заврши и осмиот настан од поетскиот караван Почувствуај ја Македонија со шестото сетило – срцето, на кој учество зедоа повеќе добро познати автори, како и специјални гости од научната, драмската, ликовната и музичката дејност.

poetski_karavan_staro_nagoricane

На осмиот настан, за витез на Македонскиот пишан збор беше прогласен Михаил Ренџов!

Сега, по с.Рајчица – Дебар, Влашка маала – Охрид, с.Присад – Прилеп, с. Лесковица – Штип, с.Паралово – Новаци, с.Дебреше – Гостивар, с.Муртино – Струмица и с.Блатец – Виница …Караванот патува за Старо Нагоричане.

Во недела, на 2ри Ноември, поетскиот караван ќе го оддржи својот деветти настан во црквата „Св. Великомаченик Георгиј“ во Старо Нагоричане, каде со своја поезија ќе настапат еминентни писатели од Друштвото на писатели на Македонија, а целосната програма ќе биде збогатена со монодрама, музика, ликовна изложба и научна нота од афирмирани професори.

Хуманитарната мисија на караванот продолжува и на овој настан и повторно собраните средства од книгите да се подарат на НОРА (Невладина Организација за Ревматизам и Артритис).

И за овој настан, формирана е анонимна жири комисија, која ќе го одреди деветиот добитник на наградата „Витез на Македонскиот пишан збор“.

You May Also Like