На Градските гробишта Бутел, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот, Ирена Мишева, денеска (вторник, 26 јули 2011 година), по повод одбележувањето на 48 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, кој се случи на 26 јули 1963, положија цвеќе пред Споменикот на загинатите во земјотресот.
Цвеќе положија и претставници од Собранието и Владата на Република Македонија, членови на Советот на Град Скопје, претставници од Општините на Град Скопје, претставници од Црвениот крст на Град Скопје, како и официјални делегации од странските амбасади во Република Македонија.
Во рамки на одбележувањето на годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, во Трговскиот центар „Соравиа“, ќе биде реализирана и традиционалната крводарителска акција на Црвен крст на Град Скопје, а во
населбата „М. А. Ченто“, од 18:00 часот, во паркот “SUOMI”, ќе биде откриена скулптура.
Вечер, во Музејот на Град Скопје, со почеток во 21:00 часот, ќе биде отворена изложба со наслов „СРЕДБА НА СОЛИДАРНОСТА 1964-1973“, автор на изложбата е Зоја Богдановска, виш кустос историчар, а камерен концерт, ќе одржи гудачкиот квартет – Four strings.