Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ) пријави земјотрес со јачина од 5,5 степени со епицентар во Македонија.
Земјотресот е регистриран рано наутро во среда, на 11 ноември 2020 година, во 4,54 часот по локално време, на мала длабочина од 10 километри.
Земјотресот силно е почувствуван и од животните со скопска зоолошка градина, а на социјалните мрежи се објави снимкa на кои се слушаат нивните извици.
- Гибоните се, малото бебе вика така. Во природа тоа им е како песна за одбрана од предатори, објасни во еден од коментарите портпаролката на Зоо Скопје, Тина Мицковска.
Животинкиве гревчиња ЗОО Скопје #земјотрес pic.twitter.com/zdqtcAw2ZH
— Sylvester (@Sylvester_mk) November 11, 2020