Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер ја вознемири Македонија

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата магнитуда е регистриран изутринава во западниот дел на Македонија.

Земјотесот којшто се случи во 4.54 часот е почувствуван на цела територија на земјава. Епицентарот се наоѓал 50 километри југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар во близина на Маврово село Леуново, односно 8 километри од Вруток, со јачина од 5.0 степени според Рихтер на длабочина од 8.5 километри.

Најсилно е почувствуван во Тетово и Гостивар, но и во Скопје, Прилеп и Битола. Нема информации за направена материјална штета.

Само 5 минути порано земјотрес со јачина од 3.1 степени според Рихтер исто така ја стресе и Турција, но засега не е потврдено дали овие два земјотреси се поврзани, со оглед на тоа што и двете земји спаѓаат под иста тектонска плоча, па често земјотресите се случуваат во исто време.

You May Also Like