Уметнички дела од Скопје за Атина, донација во знак на солидарност

Град Скопје ќе организира превоз на донираните уметнички дела кои се собрани во рамки на хуманитарната акција „Донирај уметност“ во знак на солидарност по пожарот кој минатиот месец ја зафати Грција.

Акцијата ќе се реализира, откако Град Скопје ќе воспостави контакт со надлежна институција од Атина, која ќе ја прими донацијата.

Иницијативата „Донирај уметност“ на фејсбук ја започна дизајнерот и активист Зоран Кардула, со цел да се собере колекција, која Скопје ќе ја донира на градот Атина.

Македонските уметници донираа околу 70 уметнички дела: графики, масла на платна, акварели, цртежи, скултптури, дигитални илустрации, а најмногу има фотографии.

Во Музејот за современа уметност има токму таква донација на уметнички дела кои Скопје ја има добиено од страна на Грција по катастрофалниот земјотрес од 1963 година.

You May Also Like