Источен петок (Балаклија) во Битола и битолско

ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА е православен верски празник кој се слави во четврток и петок, по ВЕЛИГДЕН. Имено, Пред повеќе од еден век, по ВЕЛИГДЕН во четврток гостите од околните битолски села доаѓале во црквата „СВЕТА НЕДЕЛА“ во Битола, присуствувале на вечерната служба и прославувале со игри и ора.

а. ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА

Петокот, по одржувањето на утринската служба гостите со зурли, тапани и др. продолжувале кон Битола, во населбата „ГЕНИ МААЛЕ“ на „СРЕДСЕЛО“. За ручек оделе на гости кај добронамерните и гостопримливи генимаалски роднини и пријатели, а на „СРЕДСЕЛО“ се продолжувало со ора и песни до вечерните часови. НАРОДОТ-БИТОЛЧАНИТЕ биле среќни и весели. Подоцна ова традиционално празнување стана пракса и секоја година се одржувало во Битолското „ГЕНИ МААЛЕ“.

б.СЕЛСКИ односно ГРАДСКИ ВЕЛИГДЕН
Граѓаните овој празник го викале СЕЛСКИ ВЕЛИГДЕН зато што доаѓале гости од селата, а гостите од селата го викале ГРАДСКИ ВЕЛИГДЕН дека оделе во градот на гости.

в. ЕДНИ УБАВИ И НАЗАБОРАВНИ ВРЕМИЊА
Гостите кои имале роднини во „ГЕНИ МААЛЕ“ доаѓале во четвртокот на ЧЕЗИ, а седиштатат им биле украсени со ДИФТИЦИ во црвена, жолта, портокалова и друг вид на боја. Локации каде се одржувала прославата биле местата наречени „ДОЛНО и ГОРНО СРЕДСЕЛО“. Во60-тите и 70-тите години на минатиот век, на овој ден, од 10-19 часот кога се одржувал овој панаѓур во „Гени Маале“ на именуваните „СРЕДСЕЛА“ се пеело и се играле без престанка по неколку ора, а народот бил среќен и весел. Тврдам, дека во тој временски период во „Гени Маале“ имало од10 до 15 илјади гости од околните Битолски села, но и од градот Битола. По улиците: „Даме Груев“, „Гоце Делчев“, „Цветан Димов“, „Браќа Миладиновци“ и др. – „ВРИЕШЕ КАКО ВО КОШНИЦА“ од гости. Продавачи на: детски играчки, топчина од разнобојна хартија со ластика (полни со трици од драва), јаболка полиени со црвен шекер и др. на секој чекор. На легендарното Генималско фудбалско игралиште „КАЈНАК“ беа монтирани точаци за најмалите, но и за возрасните кои вртеа во круг. Ни на една друга, било културна или спортска приредба во Битола немало толку голем број на присутни граѓани. Денес состојбата е повеќе од „ЗАГРИЖУВАЧКА“. Поточно, „СИМБОЛИЧНО“дел од обичајот сега се одвива на долното сретсело во „Гени маале“ каде Културно уметничкото друштво „ИЛИНДЕН“ од Битола има минимален настап пред мал број на присутни граѓани, за да потсети на ЕДНИ УБАВИ И НАЗАБОРАВНИ ВРЕМИНА.

г. Каде се тие БИТОЛЧАНИ ?.
Се поставува прашањето каде се тие БИТОЛЧАНИ ?. Одговорот е следниот: Ако застаниме на ДОЛНОТО СРЕДСЕЛО и ако погледаме на ЗАПАД ќе ја видиме „БАБА“ планина и нејзиниот врв ПЕЛИСТЕР и, и асоцијацијата ме упатува оговорот да го побарам далеку илјадници километри од родниот крај преку Атланскиот океан, во АМЕРИКА и КАНАДА. Ако пак главата ја свртиме на ИСТОК ќе го видиме огромното-недогледно ПЕЛАГОНИСКО ПОЛЕ, „НИЏЕ“планина и врвот КАЈМАКЧАЛАН и мислите ми лутаат во уште подалечната АВСТРАЛИЈА и ако погледаме на СЕВЕР ќе ја видиме планината „БИГЛА“ и нешто ми зборува за „ладните“ ШВЕДСКА, ГЕРМАНИЈА и другите Западно Европски држави.

д. БИТОЛСКАТА ДИЈАСПОРА
Битолчаните-БИТОЛСКАТА ДИЈАСПОРА има голем авторитет во погоре именуваните држави. Некои од нив се угледни и авторитетни граѓани на именуваните земји, а поголемиот број трудољубиви и чесни граѓани. Меѓутоа, Битола, Битолските маала и „Гени Маале“ се полу празни, а Битолските села пусти, со разурнати куќи и без население. Битолчаните во Дијаспората жалат за Битола и имаат ГОРЧИНА во ДУШАТА, но и Битола, Битолските маала и „Гени Маале“ жалат за своите деца. Знам дека „БОЛИ“, но ВИСТИНАТА Е ТАА.
Уажување: НОСТАЛГИЈА е грчки збор и значи: голем, неодолив копнеж за родниот крај, за сејменото огниште, копнеж по нешто што воопшто ни било мило.
„ЈЕНИ МААЛЕ“ е турски збор и значи Ново маало. „Ѓени Мале, Гини Мале, Ени Мале, Јени Мале, Јенимале, Ени Махала, Ени Махале, Ново Маало, Јени Маало, Гени Маалое, Јени Мале“. Тоа е најстарото Битолско маало. Старите ГЕНИМАЛЦИ го викаме „ГЕНИ МААЛЕ“. Поради тој факт во текстот го именував со тие зборови.
За многу години да е празникот ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА. Посебен поздрав, до БИТОЛСКАТА ДИЈАСПОРА распростанета по целиот СВЕТ.

 

извор: фејсбук група Стари битолчани, автор Стефан Чекутков

You May Also Like