Скопската Зоолошка градина доби слонови

По неколку годишен труд на изминатите неколку раководства на скопската Зоолошка градина, истата доби две слоници, Даела и Дуња…

После долгогодишна иницијатива и постапка, и изградба, конечно се реализира доаѓањато на две слончиња во Зоолошката градина во Скопје. Постапка и иницијатива за која до сега проделфилираа и беа дел четири директори и три управни одбори, дојде од реализација на она што беше иницијално планирано …скопската Зоолошка да има слон.

Покрај ова, како новитет, вреди да се напомене дека се поставени нови тоалети и едукативни табли во Зоолошката на две локации. Покрај стандардните тоалети, има и тоалет за хендикепирани лица, како и просторија за пресоблекување на бебиња.

Покрај тоалетите, започна и поставувањето на новите едукативни табли пред секое живеалиште, на кои посетителите ќе можат да ги прочитаат најинтересните информации за секое животно.

Во Зоолошка градина Скопје се вршат и последните подготовки за отворање на живеалиштето за двете слоници кое ќе се случи оваа сабота со почеток од 11:30. На настанот ќе настапат скопската гордост Златно Славејче и детската атракција Пет+ бенд.

Од Зоолошката апелираат до сите посетители да не ги вознемируваат и хранат животните, туку кон нив да се однесуваат со љубов.

You May Also Like