Балетската претстава „Либертанго“ од Астор Пјацола во МОБ

По премиерата во јуни, Македонската опера и балет вечерва (среда, 3 септември) со почеток од 20 часот, повторно за публиката ќе ја прикаже танго-балетската претстава „Либертанго“ од Астор Пјацола, која ја раскажува животната приказна на овој композитор и почетоците на тангото во неговата родна Аргентина во втората деценија на 20 век.

Приказната го следи патот на италијанското семејство Пјацола – неговите родители Висенте и Асунта на кои оваа јужноамериканска земја им дала надеж за подобар живот како и на многу други италијански емигранти.

Кореограф е Сабрина Боско од Италија, режисер и либретист е Наташа Поплавска, а костимограф и сценограф е Александар Ношпал.

Ќе настапат балетските солисти Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Мими Поп Алексова-Атанасовска, Игор Веланоски, Наташа Јосифовска, Саша Ефтимова.

You May Also Like