Центарот за правно-политички истражувања на Правниот факултет при УГД организира трибина на тема „Синдикатите и нивната улога како заштитник на работничките права“.Трибината ќе се одржи в понеделник (5 мај), со почеток во 12 часот, во свечената сала на Правниот факултет (поранешен Ректорат).
На трибината ќе учествуваат д-р Живко Митревски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Љубе Стојковски, генерален секретар на Конфедерација на слободни синдикати, Рифат Јуршид, експерт, д-р Андон Мајхошев и м-р Димитар Апасиев од Правниот факултет при УГД и д-р Страшко Стојановски, професор на Правниот факултет, модератор на трибината.
На трибината ќе се дискутира за улогата на економско-социјалните совети во заштита на работничките права, колективното преговарање како форма на синдикално дејствување, штрајкот како метод на синдикално дејствување, концептот на одбележување и чествување на 1 Мај и работничките права во Р.Македонија.