Промоцијата на новиот албум на ДУО СКУПИ (составен од Ермаљ Мехмети- виолина и Јета Старова Мехмети-флејта) насловен NEW MAK SOUNDS (Нови Македонски Звуци).
Промоцијата ќе се оддржи во четврток (30ти мај 2019) во Градската кафеана Пелистер, на плоштад Македонија, во 12 часот.
На промоцијата ќе говорат и ќе го промовираат делото:
- Проф. д-р Јане Коџабашија познат композитор и музиколок актуелен в.д. директор на СОКОМ
- Проф. д-р Ермис Лафазановски, познат Македонски писател
- Љупчо Јолевски познат новинар, водител и уредник
- Мирко Стефановски поранешен директор на МНТ, Опера и Балет и Дирекција за Културa Скопско лето
- Никола Глигоров, директор на Дирекција за Култура, Скопско лето
Kраток настап ќе имаат Портокаловата Група од градинката Бисери, Скопје. NEW MAK SOUNDS e е трет по ред албум нa DUO SKUPI, во него се сместени 8 Познати Македонски песни и ора (1.Сношти Сакав да ти дојдам, 2.Гајдарско оро, 3.Зајди зајди на Александар Сариевски, 4.Море Сокол Пие, 5.Си заљубив едно Моме, 6.Касапско оро, 7.Скопско Оро на Ангел Нанчевски и 8.Јовано Јованке) во аранжман за флејта и виолина во нов модерен и современ звук од самиот виолинист на Дуото, Ермаљ Мехмети.
Изданието го подржаа Министерството за култура, Комерцијална Банка и До ре Ми.