Отворена изложбата „Фемиграции“ во Велес

Во Велес отворена тематската изложба „Фемиграции“ – уметност за правата на бегалците.

Изложбата е организирана според проект на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите, Македонското здружение на млади правници и Народниот музеј од Велес, а под кураторство на Ана Франгова, и координација на Нита Чаволи.

Елица Николова, историчар на уметноста од Народниот музеј, пред присутните појасни дека станува збор за изложба со 21 ликовно дело изработено од исто толку жени уметнички од Македонија кои се од различни возрасти, а е посветена на жените бегалки од кризните региони.

Таа информира дека мигрантската криза ,односно тематиката на изложбата е трогателна и се однесува на еден проблем кој е познат уште од праисторијата.

-Миграцијата во денешно време е се’ поприсутна на глобалната сцена на светот, а ние како народ во повеќе наврати сме го имале во минатиот век, длабоко сочуствуваме со сите напатени и изгонети од своите домови. За среќа оваа година транзитот на мигранти низ градот е многу помал, но затоа тука е оваа изложба да не потсети дека проблемот со миграцијата е далеку од решен и е се’присутен не само како мигрирање за спас на голиот живот, туку и миграцијата која како чума ги пустоши сиромашните земји во потрага по попристоен и поквалитетен живот, потенцира Николова.

По Скопје, Куманово, Тетово и Велес, каде ќе остане една недела,,а како што најавија организаторите тематската изложба по кратка пауза потоа ќе биде претставена во Битола и Гевгелија, потоа и во Охрид и Струга и други градови во земјава.

You May Also Like