БЕСТ со “Запали ја светилката, пронајди решение!” по четврти пат

Под мотото “Запали ја светилката, пронајди решение!”, по четврти пат БЕСТ Скопје го организира инженерскиот натпревар EBEC (European BEST Engineering Competition). Натпреварот оваа година ќе се одржи на 25-ти, 26-ти и 27-ми февруари во просториите на ФЕИТ и МФС.

На првиот ден од EBEC, студентите, универзитетските професори и претставниците на компаниите, ќе имаат можност да земат учество во форумска расправа на која ќе бидат опфатени повеќе теми со цел подобрување на образованието на студентите, како и можностите за стекнување на поквалитетно практично искуство во компаниите.

Вториот и третиот ден се всушност натпреварувачките денови кога студентите групирани во тимови ќе имаат шанса да ги покажат своите инженерски способности во две категории: Team Design и Case Study, а предложените решенија ќе бидат оценувани од стручно жири составено од универзитетски професори и претставници од компаниите кои го подржуваат овој настан и кои обезбедуваат вредни награди за најуспешните тимови.

Покрај вредните награди, најуспешните ќе имаат шанса да ја претставуваат нашата држава на регионалниот EBEC натпревар во Софија. Бугарија, додека пак победниците на регионално ниво ќе се натпреваруваат на Европскиот EBEC натпревар во Варшава, Полска.

На натпреварот може да учествуваат студенти од техничките факултети при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. За подетални информации и пријавување, посетете ја веб страната на настанот www.ebec.best.org.mk.
________________

БЕСТ – Борд на Европски студенти по технологија е непрофитна и неполитичка организација која на студентите им дава можност да го да го прошират своето знаење за теми кои го надополнуваат нивното образование преку организирање академски курсеви, инженерски натпревари, симпозиуми за едукација, тренинзи и културни размени. Од друга страна, БЕСТ исто така се стреми да го прошири пазарот на трудот преку саеми за вработување и кариера, работилници, воедно и водење на интернационален центар за кариера.

You May Also Like