Ленче Здравкин и Омер Калеши се добитници на наградата „Мајка Тереза“ за 2018

Хуманитарката од Велес Ленче Здравкин и ликовниот уметник со светска каиера и со потекло од кичевското село Србица, Омер Калеши, се добитници на државната награда „Мајка Тереза” во 2018 година.

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата под претседателство на академик Алајдин Абази.

НАградата се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката меѓу народите и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

На Здравкин и Калеши наградата ќе им биде врачена во Собранието на Република Македонија напладне на 26 август, денот кога е родена нобеловката од Скопје,  Мајка Тереза.

You May Also Like