Сите заинтересирани граѓани , ученици, студенти, спортски клубови и здруженија на граѓани од утре од 17 часот ќе можат бесплатно да го користат мултифункционалното игралиште за ракомет и фудбал на песок, на Градската плажа „Парк“.
Игралиштето ќе биде отворено секој ден од 10 до 21 часот, а заинтересираните ќе може да закажат термин за користење на следниве телефони: 02 3297-238 и 02 3297-320 секој работен ден, или на самото игралиште во наведениот период.
Термионот за бесплатно користење е со времетраење од еден час.