Фримзим Даути нов директор на НУБ „Св. Климент Охридски“

Фримзим Даути е именуван за директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Како што соопштија од НУБ, Даути е именуван со решение на министерот за култура Асаф Адеми од 8 ноември 2018 година.

Тој доаѓа на местото на досегашниот в.д. директор на Библиотеката, Сенка Наумовска, која на таа позиција беше назначена со решение на претходниот министер Алаѓозовски во август 2017 година.

You May Also Like