Време исто како и Шпиц, злоупотребува туѓи слики

Тоа што го направи Шпиц пред десетина дена, како пракса го продолжи сестринскиот весник Време. И ни помалку, ни повеќе, туку со буквално истата фотографија, која Шпиц без одобрениеја стави на својата насловна страница, Време го повтори делото пред неколку дена.

Време ја украде истата слика како и Шпиц
Време ја украде истата слика како и Шпиц

Факт е дека сме земја во која ретко кој ги почитува авторските права, но ова е премногу. Сите сме свесни дека сликите кои се од светските ѕвезди и оние кои се однесуваат на настани за кои реално нашите медиуми не се во состојба да ги покријат на терен или да се платат. Но, што правиме кога се работи за настан кој сепак буди интерес на граѓаните, на само неколку километри од вас, а вие одлучувате, наместо да го покриете, да украдете?

Понеделничката насловна на ШпицНе да прашате, па позајмите, не да платите за услугата, не да превземете, па објавите чија е, туку безскрупулозно да го отстраните авторот на истата, и да ја објавите како своја. Срамно и безобразно.

Уште посрамно е ушто и во двата случаи, се работи за иста медиумска куќа, поточно два медиуми под иста капа. Тоа говори за нивниот начин на работење, говори за нивната веродостојност, чесност и етичност.

Срамно и безобразно. После ова нема што да се каже. Некој ќе работи од ентузијазам и ќе се труди, некој безмилосно ќе краде.

Фотографијата објавена во саботата на cOoLTuRa.mk

You May Also Like