Екохепенинг за Денот на пролетта во Зоолошката градина

Градот Скопје со голем екохепенинг кој што денеска (петок, 22.03.2013 година) се одржа во Зоолошката градина, го одбележа Денот на пролетта и на екологијата, 21 март.

Во оваа традиционална манифестација учествуваа голем број ученици од основните и од средните училишта од Скопје, кои во Зоолошката градина засадуваа садници, слушаа предавања за зачувувањето на животната средина и на биодиверзитетот и споделија екопораки за поздрава и почиста животна средина.

Секретарот на Град Скопје, Гордана Клинчарова, денеска додели пофалници на учениците од 28 основни училишта за нивното активно учество и успешната реализација на проектот „Собирај ПЕТ за да добиеш пет (5)“.

Хепенингот по повод Денот на пролетта, со свои настапи го збогатија децата од Детскиот културен центар „Карпош“ и Градскиот оркестар.

You May Also Like