Македонија на светските туристички мапи

Се покажа дека рекламите, спотовите и кампањите за меѓународна промоција на земјата, кои државата ги плати изминативе неколку години не биле за џабе.

Да, сите ние сакаме успех одма, веднаш, по итно, но инстант решенија за успех не постојат. Трудот кој се вложи во изминатиот период, за да Македонија „влезе во ушите“ на големите оператори ги дава своите резултати. За Македонија се зборува, останува да поработиме и самите на инфраструктурните и организациските недостатоци, за да максимално успееме да го искористиме присуството на светските глоб тротери.

Гледаме дека листата е составена од егзотични дестинации кои во туризмот имаат доста вложено, дестинации со изграден имиџ, со квалитет во услугата, многу ресорти, бренд имиња и квалификувана работна сила. Затоа во целост ја поздравувам одлуката на Владата да се даде можност и домашните и странските инвеститори да вложат во хотелскиот бизнис и да ги кренат стандардите на сместувачките капацитети.

Вакви промотивни текстови се секогаш добредојдени, прашање е дали и колку ќе ги искористиме.

Александар Ристевски

You May Also Like