Борд на Европски Студенти по Технологија – БЕСТ Скопје го најавува десеттото јубилејно здание на најголемиот европски инженерски натпревар – EBEC, кое оваа година ќесе одржи од 18 – 21 декември во просториите на овогодинешните партнери – Аptiv и Johnson Matthey.
EBEC (European BEST Engineering Competition) е натпревар кој што се одржува во три нивоа – локално, регионално и финално.
Овогодинешните победнички тимови натпреварувањето ќе го продолжат oваа пролет на регионалната рунда во Нови Сад, Србија, додекаголемото европско финале ќе се одржи во Торино, Италија, каде сите учесници ќе имаат шанса да ги покажат своите знаења, да се запознаат и да разменат искуства со претставници од компаниите-партнери на EBEC.
Настанот ќе започне на 18 декември со официјалното отворање на техничкиот кампус при УКИМ, а во наредните два дена, натпреварувачите ќе имаат можност даги истакнат своите способности за креативно решавање на инженерски проблеми и предизвици во две категории – Case Study и Team Design.
Во категоријата Case Study, оваа година организирана од APTIV, на натпреварувачите ќе им бидедоделен „случај“ со теоретски проблем. Тимовите треба да го најдат најдоброто решение со употреба на нивните аналитички вештини, академско знаење, креативност, како и способност за тимска работа.
Во категоријата Teamdesign, по втор пат организирана од Johnson Matthey, учесниците треба да го решат дадениот проблем со дадени материјали во ограничено време. Оваа категорија ги предизвикува креативните вештини за решавање на практични проблеми, како и академското знаење и тимскиот дух на натпреварувачите.
Работата на учесниците ќе биде следена и оценувана од страна на стручно жири составено од претставници од партнерите, како и професори од техничките факултети при УКИМ.
Доколку студирате на некој од техничките факултети, имате натпреварувачки дух и сакате да гитестирате и надоградите своите вештини, аплицирајте на https://goo.gl/PGdf3C
За повеќе информации околу настанот, на Facebook – BEST Skopje.