Вечерва (среда, 24 април) ќе се отвори изложбата на Трајче Чатмов, насловена „Баханалии“ во галерискиот простор Концепт 37.
„Вистината како апстрактен поим на индивидуалноста на човекот е доблест од кој современиот хомосапиенс се повеќе се одалечува , се повеќе се плаши и крие,непризнавајќи ги своите слабости и недостатоци заборавајќи на севкупната несовршеност на својот вид. Но има еден момет кој го забораваме , а тоа е дека само со соочување со вистината ке можеме да ги согледаме своите недостатоци и недостатоците на останатите , па и од таму да направиме соодветна пресметка по кој би си го обликувале својот микро свет …“, се вели во промотивниот текст за изложбата.