Денес (четврток, 13 декември) со почеток во 20 часот во Јавна соба / Public Room ќе биде отворена изложба на новата колекција на накит на брендот HERITAGE на авторката Елена Кичевска.
Колекцијата под називот „Триста чуди“ и ќе биде поставена во поткровјето на Јавна Соба.
Ова е втора самостојна изложба на авторката. Првата изложба и своевидното раѓање на HERITAGE се случи во 2015 година, каде публиката можеше да се види 9 икони, но и 40 парчиња на накит со инспирација од византискиот период, изложени во Куршумли Ан во Чаршијата.
„Изработувањето на накит епосебно задоволство. Како детска игра која не сакаш да ти заврши. Додека работам на едно парче, веќе ми доаѓа идеја за следното парче. Тоа го знаат ситекои се занимаваат со оваа применета уметност. Идејата во мали формати е бесконечна.“, вели авторката.