Форум за аутизам во Гевгелија

Во рамките на проектот „Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници” кој го спроведуваат Фондацијата Аполонија од Гевгелија, во партнерство со невладината МНЗА “Македонското научно здружение за аутизам”, на 7 мај(среда)во Гевгелија од 12:00 до 19:00 часот ќе се одржи форум за аутизам.

Ова е трет настан од серијата 11 семинари/работилници кои се дел од овој проект и се посветени на прашањата поврзани со децата со посебни потреби.

Предавачи на овој форум ќе бидат претставници на МНЗА:
Проф. Д-р Владимир Трајковски, кој ќе има излагање „Биомедицински третман и рана интервенција кај аутистичен спектар на нарушувања“ и М-р Јасмина Трошанска со излагање „Клинички карактеристики и едукативни можности на учениците со аутистичен спектар“.

Форумот е наменет за родителите на децата со посебни потреби, дефектолози, педијатри, лекари, наставници и други членови на заедницата кои би сакале да знаат повеќе за оваа тема. Исто така поканети се и НВО секторот и центрите за социјална работа како и други организации кои работат со деца со посебни потреби.

Овој проект е финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права.

Главната цел на проектот е да се зголеми социјалната интеграција и развојот на децата со посебни потреби во 4 општини од југоисточниот регион: Гевгелија, Дојран, Валандово, и Богданци.

You May Also Like