Заради афирмација и поддршка на издавачката дејност, Министерството за култура во 2013 година обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за откуп на самостојно реализирани публикации со уметничка и културна содржина во печатена и во електронска форма, првпат издадени во периодот од 21.5.2012 год. до 20.5.2013 год.
Министерството за култура ќе откупи публикации од следниве области:
· творештво од автори од Република Македонија на македонски јазик и на јазиците на заедниците (до 100 примероци);
· преводна литература од светски автори (до 50 примероци);
· монографии (до 30 примероци);
· речници ( до 30 примероци);
· мултимедијални ЦД-ромови од областа на културата (до 30 примероци).
Деталнми информации околу условите за конкурирање тука: