Утре започнува „Локум фест – музика и традиција“ во Битола

Утре вечер (петок, 8 јули 2011 година), со почеток во 20:00 часот, започнува 5-то издание на фестивалот „Локум фест – музика и традиција“ кој е дел од најдолгото културно лето во земјата Бит фест.

Фестивалот е дел од напорите на Општина Битола за ревитализација на старата чаршија како културно историски споменик ,зачувување на традицијата и ставање во функција на културен туризам. Општина Битола преку Бит фест е исклучителен пример во национални рамки на поддршка на манифестации од независни културни оператори како Центарот за културна деконтаминација Битола кој е основач и организатор на Локум фест.

Во трите вечери на Локум фест ќе се претстават„Сирма Војвода“, „Љубојна“, „Чалгија оркестар“,  „Афион “ од Хрватска, Тони Китановски и Черекези оркестар, Ибрахим Џенгис квартет како и гостите од Турција, Рамазан Сеслер бенд. На Локум фест изложуваат и ракотворци од повеќе градови на Македонија во соработка со ЗУР Македонски Ракотворби и Занаетчиската комора на Битола.

Традиционално Бизнис инкубаторот од Битола се претставува со успешните примери на млади претприемачи кои воодушевуваат со иновативноста и претприемачкиот дух и на манифестацијата им дават нова димензија.

You May Also Like