Јордан Плевнеш на симпозиум “Како да се спаси Европа” во Франција

Јордан Плевнеш ќе присуствува на симпозиумот “Како да се спаси Европа” во Блуа, Франција …

Македонскиот писател Јордан Плевнеш, Ректор на Униеврзитетот за аудиовизуелни уметности, е почесен гостин на традиционалниот фестивал “Рандеву со историјата”, во францускиот град Блуа, познат по замоците на Лоара, кој што се одржува од 09 до 12 Октомври 2014.

На овој значаен европски настан учествуваат стотина интелектуалци, писатели, синеасти, историчари и политичари од сите европски земји. Плевнеш е единствен учесник од Југо-Источна Европа и ќе зборува на централната тема на овогодинешното издание “Како да се спаси Европа”, преку историската визура на Македонија и Балканот.

На истоимениот саем на книгата ќе бидат презентирани бројните изданија на неговите драми, есеи и романи од реномирани француски издавачи, како што се Табл Ронд, Галимар и Антропос.

You May Also Like