Манифестација посветена за подигнување на свеста на национално ниво за aутизам, АДХД и Аспергеров синдром, ќе се одржи во недела (09 Октомври, 2011 година) од 12:00 – 16:00 часот, во организација на Здружение на граѓани „ВО МОЈОТ СВЕТ“ и Зоолошка градина – Скопје.
Случување во кое ќе учествуваат дел од македонската кошаркарска репрезентација, ѕвездите на М2 продукција, дел од учесниците на македонскиот идол, Поточиња, Златно славејче, Зоран Џорлев, Наско Бенд, Блага Петреска Кондратенко, Летиција и Леона Кондратенко, Елена Петреска и Адријан Гаџа.
За ширење на позитивната енергија и насмевки ќе се погрижат гушкачите на „Гратис гушкање“ и секое дете ќе добие подарок слика од Живко Поповски – Цветин со што воедно ќе ја одбележиме Светската недела на детето.
Ве покануваме да се придружите во Зоолошката градина.