Утре (сабота, 25 јуни 2011 година) на Градските гробишта Бутел, во Алејата на великаните, високи државни и граѓански делегации ќе положат цвеќе на гробот на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ќе говори за личноста и делото на Борис Трајковски, а во рамки на Манифестацијата „СПОМЕНИ ЗА БОРИС ТРАЈКОВСКИ 2011“ по повод одбележување 55 години од неговото раѓање, ќе бидат разлетани педесет и пет гулаби, симбол на мирот.
Во 11 часот, во Големата сала на новиот објект на Општина Бутел, ќе се одржи и поетско читање.