Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на наредната седница ќе му предложи на Советот на Град Скопје да усвои одлука за испраќање парична помош во вредност од 1,5 милиони денари за санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес и цунамито што ја погодија Јапонија.
Градот Скопје, како Град на солидарноста, досега несебично помогна за санирање на штетите од налетот на цунами брановите во Индонезија (со 1,5 милиони денари), по земјотресот во Сечуан, Кина (со 1,8 милиони денари), за помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес на Хаити (1,5 милиони денари), како и 300.000 денари, парична помош за санација на материјалните штети во градот Скадар, Република Албанија.