Скопје по втор пат со елка од пластични шишиња

Нe ги фрлајте пластичните шишиња, чувајте ги до утре (сабота,  22-ри декември) и дајте ни ги, годинава пак правиме новогодишна елка во парк!“ , велат организаторите на акцијата за изработка на пластична елка во градскиот парк.

Фирмата Пакомак елката заедно сосе шишињата ќе ја откупи, и парите ќе одат во добротворни цели.

Организаторите сметаат дека загадувањето во градот е ужасно големо и дека има премалку контејнери за селектирање отпад.

Пунктовите за собирање на шишиња ќе бидат отворени на 22-ри декември (сабота), од 12 до 14 ч.

1. Рамстор
2. Беверли Хилс (кај скалите)
3. Лептокарија кај Флуид
4. Универзална сала
5. ТЦ Бисер (кај скалите)

Сите се добредојдени да им праат друштво на оние на пунктовите.

Елката ќе се прави утредента, (недела,23-ти декември) во 10:00 часот во Градскиот Парк – Скопје, кај Школка.

Организаторите велат: „Да, знаеме дека нема да го смениме светот, ама знаеме и за нешто што се вика “чекор по чекор”.“ 🙂

You May Also Like