Конференција за иднината на медиумската регулацијa

Центарот за развој на медиуми, во рамките  на своите активности за имплементирање на “УСАИД Програмата  за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера”,  ја организира конференцијата  “Иднината на  медиумската регулацијa во Македонија” што  ќе се одржи денеска (27 мај 2013, понеделник)  во хотел  “Александар Палас”  со почеток во  10:00 часот(Конгресна сала 3).

Целта на  проектот, во чиј рамки се организира   конференцијата, е  зајакнувањето на    слободата на медиумите во Македонија, како и вградувањето    на  меѓународните стандарди во домашната медиумска регулаторна рамка.

На конференцијата ќе се разговара за следниве теми:
–  нацрт-Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги,  подготвен од страна на Министерството за информатичко општество и јавна администрација
–  презентација на  Анализата    на нацрт-Законот за  медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги, подготвена од страна на Центарот за развој на медиуми.

You May Also Like