Здружението за литература, култура и наука „Бран“ од Струга и списанието „Бранувања“ го распишаа конкурсот за доделување на наградите „Крсте Чачански“ за необјавена збирка кратки раскази и „Јован Котески“ за необјавена поетска збирка.
Збирката треба да содржи до 20 раскази не подолги од 100 реда (три страници новинарски проред), досега да не биле објавувани и да имаат наративна форма на слободна тема. Поетската збирка да не содржи повеќе од 50 песни, секоја да не е повеќе од 30 стихови.
Првонаградените збирки ќе ги избираат жирија составени од писатели. Конкурсот е отворен до 20 април 2013 година, а наградите ќе бидат доделени во јуни-јули.
Ракописите во три примероци треба да се пратат на адреса „Бранувања“, ул. „Нико Нестор“ број 22, 6330 Струга, со назнака за конкурсот „Крсте Чачански“, односно „Јован Котески“, и електронски на zbirkakoteski@hotmail.com и raskazchachanski@hotmail.com.
Наградата „Јован Котески“ ја добиле Трајче Кацаров и Санде Стојчевски, а „Крсте Чачански“ – Христо Петрески и Милован Стефановски.