Фестивалот на античка драма Стоби со нов организациски тим

Јубилејното десетто издание на Фестивалот за античка драма Стоби 2011  наместо општина Велес го организира Здружението на граѓани  Стоби. Оваа одлука општината ја донела со цел фестивалот во целост да е организиран од луѓе кои се дел од театарскиот живот  во Македонија.

„Фестивалот годинава за прв пат преминува од локална во здружение на граѓани .Првенствено ќе се занимаваме со подготовката, организацијата и реализацијата на фестивалот. Здружението има свој статут  и акти врз кои ќе се базира неговото работење”, рече Васил Зафирчев, претседател на организациониот одбор.

„Дојдовме до момент кога треба да се направи исчекор напред, тоа е,  сета логистика која ја дава Општината да ја препушти на лица кои се професионалци и тоа знаат да го направат многу поубаво. Сведоци сме дека квалитетот  секоја година е  се поголем,  треба да го задржи тој тренд,  а тоа можат да го направат само стручни луѓе”, истакнува Горан Петров, градоначалник на Велес.

Фестивалот почнува на 15-ти јули и ќе трае две недели. Организаторите  засега ги откриваат само земјите од каде доаѓаат  театарските  уметници.

„При крај сме со договорите и ако биде се во ред ќе имаме гости од Хрватска, Турција, Србија и се надевам од Франција”, рече Зоран Љутков, програмски директор.

За реализација на јубилејното издание на Фестивалот,  организаторите пресметале дека ќе потрошат 38 илјади евра. Средствата ги обезбедија општина Велес, Министерството за култура и бизнис секторот.

Честа да ја затворат оваа единствена манифестација во Македонија организаторите „ Здружението на граѓани Стоби”  им ја довери на актерите од Драмскиот театар  од Скопје. Тие во чест на наградените ќе ја одиграат претставата „ Последните Македонци”.

Превземено: Lisica.mk

 

 

You May Also Like