Здружението Деница, Здраво Живо и парК и на 7 март (четврток) во МКЦ клубот оргазнизираат базар на ракотворби, здрава и вкусна храна и дизајнерски парчиња на накит и облека. Собраните средства се наменети за лекување на младиот Филип Михајловски.
Единствена можност да видите и купите некои од уникатните ракотворби и дизајни на наши познати креатори кои ќе бидат изложени. За вашето здравје ќе се погрижи Маја Платнар со прекрасните колачиња и вкусното смуди. Влезница 100 ден, а сите собрани средства одат за помош на лекувањето на младиот Филип Михајловски (18).
На 13.07 при скок во вода Филип Михајловски (18) го скрши седмиот вратен прешлен. Како последица, остана парализиран од градите надолу. Издржа долга и тешка операција под водство на Проф. Др. Мирче Симеонов на Клиниката за Хируршки болести – Скопје. За жал можностите за рехабилитација во нашата земја се исцрпеа и сега му се потребни финансиски средства за рехабилитација во странство, кои за жал семејството не е во можност да ги обезбеди во целост. По препорака на тим од лекари од Македонија ( меѓу кои и ценетиот Професор Мирче Симеонов ) Филип е упатен во Словенија, каде го заврши лекувањето во Клиничкиот Центар За Спинални Повреди – Соча, Љубљана, што беше само прва фаза од долготрајниот процес.
Лекувањето го продолжува во Гибање – приватен рехабилитационен центар, кој специјализира во ваков тип на повреди и каде Филип покажува огромен напредок, односно после само 5 месеци упорно и посветено вежбање Филип успеа да се исправи прво со помош на ортози, а потоа и без нив.
