Да научиш да читаш, пред да проговориш – според Методот на Глен Доман. Ви ги прикажуваме чекорите кои сметаме дека се битни при одгледувањето на вашето дете.
3-6 месеци
Овој период е најпогоден да го научите детето да чита. Се што научило сега, останува запечатено во паметта, за долго време од животот. На оваа возраст, за детето не е важно што учи, затоа може да му прикажувате картончиња со зборови, кои ќе ги менувате често. Детето сеуште не зборува и има ограничено движење, но тоа ги апсорбира информациите, иако неможе да ги манифестира преку говор. Разбирањето на зборовите како текст и звук е ден и ист процес. Затоа детето може да се научи да чита доста порано, пред да проговори.
7-12 месеци
За ова време детето веќе научило да ползи, седи и малку е потешко да му се задржи вниманието на картончињата. Затоа лекциите овде се кратки, но чести.
1-1.5 год.
Во ова време активностите треба да се максимално кратки. Детето веќе научило да оди, трчка, почнува да контактира со други деца… Можете да му прикажувате само по 5 зборчиња на лекција. И трудете се детето да не изгуби интерес…
1.5-2.5 год.
Во овој период е тешко да се движите напред. Изберете интересни и омилени зборчиња. Не го „притискајте“ детето на сила.
4-6 год.
Приемот на информација, во оваа возраст е се посложен. Детето веќе има желби-одбира што му се допаѓа а што не. Програмата за обука сега, треба внимателно да се преработи, во зависоност од карактерот на детето. Одберете не само зборчиња, кои му се допаѓаат и сака да ги изговара и чита, треба да вклучите и фрази, книги, реченици…за да ги зајакнете знаењата. Не го тестирајте и не доволувајте на други да го испрашуваат “колку знае“, зошто децата во таа возраст се доста ранливи. Неуспехот ќе ги огорчи. Колку повеќе се контролирани, толку по-малку желба ќе имаат да учат.
Методот на Доман-пракса
Доман препорачува 3-4 лекции(активности) на ден, во зависност од возраста и интересите на детето. Во нив се вклучени картончињата со точки и зборчиња, преку кои се учи основата. Целта е да се запознае детето со интересни факти, кои слично на компјутерот се систематизирани во фолдери по категорија.
Енциклопедија
Одберете време, кога детето е свежо и добро расположено и кажете му радосно- „Сега ќе ти покажам убави овошја“. Почнете да ги прикажувате картончињата. Вие самите не гледајте во нив, за да не му го одвлечете вниманието. Покажувајте ги брзо и јасно изречете како се наречени различните плодови. Доман советува, да се одели 1 секунда за секое ливче. Размашајте ги чивчињата по секое прикажување, така да тие секогаш бидат реазлични. Првите неколку дена, може да објаснувате на следниот начин- “Овој плод се вика јаболка“, а подоцна само името на плодот “јаболка“. Обуката-вежбите треба да продолжи кратко време. Почнете со прикажување на ливчињата-картончињата 1-2 пати дневно, само по неколку секунди. Престанете ако на детето му е досадно. А пак, престанете порано, а на детето му е интересно, тоа само ќе сака да продолжите.
Читање
Според Доман, да го научите вашето дете да чита, е најважна задача за еден родител. Зошто со помош на читањето, тоа самото може да дознае се, што го интересира. Уште повеќе, дете на една година може да се научи полесно да чита, отколку на 7.
Добивањето на способност да чита, не се постигнува со учење на поединечни букви.Туку со помош на ливчињата со напишани зборчиња, со голем црвен фонт, пропратени со силно и јасно изговарање на дадено зборче. Буквите се апстрактни и тешко можат да се поврзат со одреден збор. Методот на Доман, е спротивен на класичната педагогија, при која прво се учат букви, а после се поврзуваат во зборчиња и реченици. Според Доман човечкиот мозок е како компјутер, треба да му се даде збир од факти, а законите на кои се потчинува сам си ги открива. Методот на обука почнува со зборови, кои се разделени тематски, а првата група е „делови на тело“.
Математика
Кај часовите за математика, повторно се користат ливчиња со црвени точки. Постојаното прикажување, кај детето го формира апстрактното мислење и спсобност брзо и без грешка да го определи бројот, од око, без да ги брои.
Презентација
Нај лесниот метод да му пренесете некоја информација на вашето дете. Во добрите презентации има улога брзината на прикажување, звукот и сликата. Електронската презентација е подобра отколку ливчињата (како што е во оригиналната верзија на Доман). Хартинеата презентација сепак, ќе ви помогне да го направите процесот на обука поефективен и продуктивен.
Зошто презентација?
Кога разгледуваат секодневно различни презентации, децата учат многу нова и корисна информација. Со прости и кратки фрази проследени со слика, се усвојува знењето многу бргу. Децата учат да го доживуваат светот како целина-со звук и слика истовремено. Се развива нивниот мозок, вниманието расте, расте и интересот за нова информација. Презентациите треба да бидат на принцип – од просто кон сложено. Колку подолго се занимава детето, толку подлабоко знаење ќе добие.
Л.Ѓ.