Градоначалникот Кoце Трајановски, денеска (четврток, 22 септември 2011 година) со почеток во 12:00 часот на платото пред Стоковна куќа „Мост“, свечено ја отвори традиционалната културна манифестација „Звуците на чаршијата“.
– Оваа манифестација којашто годинава по шести пат се одржува во срцето на Старата скопска чаршија, во организација на Културно информативниот центар, има за дел со својот мултикултурен и мултимедијален карактер да ја афирмира и анимира Чаршијата и да даде дополнителен импулс за нејзино културно реанимирање преку отворање на портите на уметноста, кретивноста и забавата. Во рамките на програмата на манифестацијата „Звуците на чаршијата“, ќе можете да проследите и да уживате гледајќи ги уметничките дела на нашите ликовни уметници, слушајќи концерти на сериозна музика, како и фолклорни настапи на наши реномирани културно – уметнички друштва и оркестри на народна музика – истакна градоначалникот Коце Трајановски.
Во рамките на манифестацијата на платото пред Стоковната куќа „Мост“ во 15:00 часот ќе се одржи Интерактивна парада на фолклорни друштва, во 18:00 часот пред Турист, кај поранешната гостилница Т`га за југ, ќе настапат оркестарот „Серенада“ со концерт– староградска македонска музика, а Славко Георгиев на гитара и Никола Мијалов на пијано ќе изведат македонски ора.
Вечерта од 20:00 до 21:00 часот во Капан Ан, групата Турски харем ќе свири староградска турска музика, од 20:30 до 21:00 часот на плато пред Куршумли Ан ќе можете да уживате во ориенталниот танц на групата „1001 Ноќ“.
Целовечерната журка за присутните на манифестацијата ќе продолжи со настапот на Филип Стевановски Квартет-џез музика, од 22:00 до 23 :00часот во Ексклузив кафе, и од 23:00 до 24:00 часот со настапот на ЗИГ-ЗАГ ОРКЕСТАР во Куршумли Ан.