Промоција на софтвер за синтеза на говор на македонски јазик

Денеска ( 13 март, 2013 година, среда) со почеток во 11:30 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, ќе одржат заедничка прес-конференција на која ќе се промовира првата верзија на софтверот за синтеза на говор на македонски јазик.

На настанот ќе бидат присутни и деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Димитар Трајанов, како и претставници од Сојузот на слепи лица, како корисници на софтверот.

You May Also Like