Christmas in NEW YORK – Голем добротворен концерт

Од Централ до Батери парк, од Хадсон до Ист ривер, највибрантниот град на светот е вечна инспирација за многу музичари.

По минатогодишниот успех на „One night in America“, овој декември Македонско – американската алумни асоцијација (МААА) ве носи на „Божик во Њујорк“, вечер посветена на најпопуларните американски поп и џез композиции поврзани со новогодишните и божикни празници во изведба на Здружението на џез музичари (ЗЏМ).

Уживајте во звуците Френк Синатра, Бинг Крозби, Арета Франклин и многу други на нашиот втор добротворен концерт кој ќе се одржи во Македонската филхармонија на 15 декември 2018 (сабота) од 20 часот.

МААА ве кани да поминете заедно уште прекрасна и незаборавна вечер, истовремено помагајќи им на оние на кои им е најпотребно.

Билетите се во продажба на билетарницата на Македонската филхармонија и karti.com.mk (линк https://www.karti.com.mk/christmas-in-new-york-15-12-2018.nspx)

 

You May Also Like