Програма за Бит Фест (20 јули)

Денес (среда, 20 јули 2011 година) на програмата на битолската манифестација Бит Фест ќе може да проследите:

– 20:30 часот  НУ Завод и музеј Изложба на Маја Ковачевска

Родена е 1987 година во Битола, а во моментот е на постдипломски студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.  Има добиено повеќе награди и пофалници: 2009 година Награда „Драгутин Аврамовски – Гуте“, 2010 година диплома за најдобар студент од графички отсек.  Учествувала на повеќе групни изложби и колонии:  2008 Ликовна колонија на млади ликовни уметници од Македонија и Русија – Кочани,2008 година Соработка на ФЛУ, ФМУ и ФДУ изложби концерт и претстава во еден ден, 2009 ликовна колонија Нижо Поле Битола, 2009 година Изложба на Универзитетска библиотека „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, 2009 година групна изложба на слики, цртежи, монотипии од еднонеделниот престој во Пелинце, Кумановско во културен центар ЦК Скопје, Изложба на друштво на ликовни уметници Битола, 2010 година Остен – Светска галерија на уметноста на хартија – Скопје, 2011 Изложба на друштво на ликовни уметници Битола.  Во 2011 година за одбележување е нејзината прва самостојна изложба на графики и цртежи „Времеплов“ при МКЦ Битола.

– 21: 00 часот Летна сцена Тумбе кафе Театарска претстава „Зет за Кристина“ – аматерска театарска група „Без маска“.  Театарската група е составена од тинејџери предводени од идејата да го направат светот подобро место за живеење.  Нивното мото е „Да создадеме уметност“.

– 21: 30 часот  Магаза „Градот на филмските великани“ Кино видео клуб Милтон Манаки – придружна манифестација „Старата архитектура на Битола низ објективот на младиот фотограф“.

Фотопрезентацијата ќе биде на отворено цел ден со проекцијата на филмовите пред платото на Магнолија, а филмската проекција во предворјето на објектот Магаза.  Вториот настап само со филмскиот избор ќе биде на Тумбе кафе – АМФИТЕАТАР.

Проектот се состои од две целини поврзани помеѓу себе како целина но со два настапи на фотографија и филм, бидејќи и Манакиеви се занимаваа со двете изразни особини – филм и фотографија.

Преку фотографијата се има за цел да се прикаже активноста на младите фотографи кои активно работат при фото клубот „Стив Наумов“ при Народна техника, а додека преку филмската проекција се сака на јавноста да и се прикажат дел од најдобрите филмови наградувани од страна на градот.домаќин и градоначалникот со голема плакета градот на филмот со плакета за најдобра камера на последните 6 фестивали на ФАДФ „Камера 300“.

Изборот на филмовите и фотографиите го направи стручна комисија од кино клубот.

Носител на проектот е Кино клубот „Студио Милтон Манаки“ Битола, а придружен партнер е ФОТО КЛУБ „Стив Наумов“ и двата во состав на Народна техника.

 

You May Also Like