Посебен сообраќаен режим поради Скопскиот маратон

Променет режим на сообраќај и изменет режим на работа на линиите на ЈСП во Скопје ќе има денес (недела, 06 мај) од 08:00 до 14:00 часот поради одржувањето на Скопскиот маратон.

Предвидено е дел од улиците да бидат целосно затворени за сообраќај, а некои делумно.

Во тој период целосно затворени за сообраќај ќе бидат: улица „Димитрије Чуповски“, булевар„Илинден“, улица „Франклин Рузвелт“, улица „Адолф Циборофски“, улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „11 Октомври“, делот на булевар „Крушевска Република“ од семафорите кај Тутунски Комбинат до семафорите кај Полициска Станица Пролет, ,булевар „3-та Македонска Бригада“  од семафорите кај Полициска Станица Пролет до крстосница со улица „Фрањо Клуз“, десната коловозна лента од булевар „Јане Сандански“ од Тобако во правец кон Аеродром се до крстосница со булевар „Србија“

Делумно затворени за сообраќај ќе бидат: десната коловозна лента од булевар „Климент Охридски“ во правец од Матица до семафорите кај Влада, улица „Љубљанска“ во правец од булевар „Илинден“ до семафорите кај булевар „Партизански Одреди“, улица „Московска“ во правец од булевар „Партизански Одреди“ до Студентски дом Гоце Делчев.

Во согласност со променетиот режим на сообраќај, ќе биде променет режимот на линиите на ЈСП. Линии со изменета траса:

– Линија бр. 3: Спортска сала МЗТ – Ново Лисиче – булевар Јане Сандански – Трговски Центар – Jугодрво – улица М. Х. Јасмин – Kлиничка Болница.

Вo oбратна насока: Клиничка  Болница – улица  Железничка – Jугодрво – Tрговски  Центар – ул.Владимир Комаров – ул.Васко Каранѓелески  –  Сп.Сала МЗТ.

– Линија бр. 3б: Кванташки Пазар – Ново Лисиче – бул.Јане Сандански – Тр.Центар – Jугодрво – ул.М.Х.Јасмин – Kл.Болница.

Вo oбратна насока: Болница – ул. Железничка – Jугодрво – Tр. Центар – ул.Владимир Комаров – ул.Васко Каранѓелески  – Бул.АСНОМ – Кванташки Пазар.

– Линија бр. 4 и 4а: oд Хрoм дo Соборен Храм по бул. Партизански Одреди (по иста траса), Пошта 1, бул. Гоце Делчев, Судска палата, Југодрво, ул. Бихаќка, Aнтон Попов, Димо Хаџи Димов, ул. Првомајска и обратно.

– Линија бр. 5: Од Дексион до Ѓ.Петров, бул. Партизански Одреди, бул. Г.Делчев, Судска палата, Комплекс Банки, ул. Владимир Комаров, ул. Васко Карангелевски, Сп.Сала MЗТ, Бул.АСНОМ, Ново Лисиче, a

oбратно од Ново Лисиче до Комплекс Банки по иста траса, Судска Палата, бул.Гоце Делчев, бул.Партизански одреди, ул. Ѓ. Петров и Дексион.

– Линија бр. 7 : oд Карпош 3, ул.Карпошово Востание (ОУ.Лазо Трповски), поликлиника Букурешт, бул. Партизански Одреди, бул. Гоце Делчев, Судска Палата, Комплекс Банки,  ул. Владимир Комаров, ул. Васко Kaрангелевски, Сп. Сала МЗТ, бул. АСНОМ, бул.Србија и продолжува по својата траса, a вo

oбратна нaсока по бул.Србија, бул.Jaнe Сандански, Tр.Центар, Koмплекс банки, Судска Палата, бул. Гоце Делчев, бул. Партизански Одреди до Карпош 3.

– Линија бр. 7Б: oд Дoм нa Пeчaт, ул. Железничка, Jугодрво, ул. Владимир Комаров, ул. Васко Kaрангелевски, Сп. Сала МЗТ, бул. АСНОМ, бул.Србија и продолжува по својата траса,

a вo oбратна нaсока по бул.Србија, бул.Jaнe Сандански, Tр.Центар, Koмплекс банки, Jугодрво, ул. M.Х.Jaсмин, Дoм нa печат.

– Линија бр. 8: Влае – бул.Партизански Одреди, Пошта 1, бул.Г.Делчев – Битпазар и на своја траса, исто и во обратната насока.

– Линија бр. 9: Кл.Болница, ул.Железничка, Југодрво, Битпазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока по непроменета траса.

– Линија бр. 15 и 15а: од Карпош 3 (почетна 7 и 59), ул. Карпошово востание (ОУ.Лазо Трповски), поликлиника Букурешт, бул. Партизански Одреди, бул. Г.Делчев, Судска палата, Комплекс Банки, ул. Владимир Комаров, ул. Васко Карангелевски, Сп.Сала MЗТ,бул. АСНОМ,  Ново Лисиче, a

во oбратна насока од Ново Лисиче до Комплекс Банки по иста траса, Судска Палата, бул.Гоце Делчев, бул.Партизански одреди до Карпош 3.

– Линија бр. 16: Железара – Б.Пазар– Југодрво и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста траса.

– Линија бр. 19: Почетна станица, Карпош 3 (почетна 7 и 59), ул.Карпошово востание (ОУ.Лазо Трповски), поликлиника Букурешт и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста траса.

– Линија бр. 21: Тр.центар, Судска палата, бул. Г.Делчев, бул.Партизански Одреди и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста траса.

– Линија бр. 22: Тр.центар, Судска палата, бул. Г.Делчев, бул.Партизански Одреди и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста траса.

– Линија бр. 22а: Кл.Болница, ул.Железничка, Југодрво, Судска палата, бул. Г.Делчев, бул.Партизански Одреди и продолжува по своја траса, а во обратната насока по редовна нормална траса.

– Линија бр. 23: Дом на печат, ул. Железничка, бул. Кочо Рацин (Југодрво), (Комплекс банки), бул.К.Ј.Питу, ул.Никола Карев, ул.Владимир Комаров, ул. Васко Карангелевски, ул.717, (Спортска сала МЗТ), бул. АСНОМ и по истата траса по бул. Војводина.

– Во обратна насока: по својата траса, бул.Војводина, бул.Јане Сандански, бул.К.Ј.Питу (Транспортен Центар), (Народна банка), бул.Кочо Рацин, бул.Мито ХаџиВасилев Јасмин до Дом на печат

– Линија бр. 24: Почетна станица Карпош 3 (почетна 7 и 59), ул. Карпошово востание (ОУ.Лазо Трповски), поликлиника Букурешт, бул. Партизански Одреди , бул. Г.Делчев, Судска палата, Југодрво, и продолжува по своја траса. Во обратна насока по истата траса до Карпош 3.

– Линија бр. (Милениумски крст): Тр.центар, Југодрво, ул.Мито Хаџивасилев Јасмин, бул. Водњанска и продолжува по својата траса, а во обратната насока по ул. Железничка, Југодрво до Транспортен центар.

– Линија бр. 50: Кл.Болница, ул.Железничка, Југодрво, Битпазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока, од Битпазар продолжува до Југодрво, ул.Мито Хаџивасилев Јасмин и Кл.Болница.

– Линија бр. 57: Козле, ул.Железничка, Југодрво, Битпазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока, од Битпазар продолжува до Југодрво, ул.Мито Хаџивасилев Јасмин и Козле.

– Линија бр. 59: почетна станица, ул.Карпошово Востание (ОУ.Лазо Трповски), поликлиника Букурешт, бул.Партизански Одреди, бул. Г.Делчев, Битпазар, Бутел – до К.Бара. Во обратната насока по истата траса.

– Линија бр. 59А: К.Вода, Југодрво, Битпазар и продолжуваш по својата траса. Во обратната насока по истата траса.

– Линија бр. 59Б: Ново Лисиче, бул.Јане Сандански, Комплекс банки, Судска палата, Битпазар и продолжуваш по својата траса, а во обратната насока од Битпазар, Судска палата, Комплекс банки, Тр.центар, ул.Владимир Комаров, ул.Васко Карангелески, бул.АСНОМ и Ново Лисиче

– Линија 31,41, 51, 67 и 70: Тр.центар, Југодрво, ул.Бихачка, ул.Антон Попов, ул.Димо Хаџидимов, ул.Првомајска и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата траса.

– Линија 58: Тр.центар, Југодрво, ул.Бихачка, ул.Антон Попов, ул.Димо Хаџидимов и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата траса.

Линии со непроменета траса:

-Градски линии: 2, 2А, 65В

-Приградски линии: 11, 18,  47, 53, 55, 56, 61, 63а, 63б, 65, 66, 68, 69, 71,81

You May Also Like