Киното во Кратово ќе се ревитализира

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (понеделник, 7.5.2012 година) со почеток во 11:00 часот во Министерството за култура (објект Нова Македонија, 3-ти кат) ќе се обрати по повод реконструкцијата на киното во Кратово, како и реализацијата на повеќе инвестиции во локални установи од областа на културата низ Република Македонија.

На прес-конференцијата ќе биде присутен и градоначалникот на општина Кратово, Мите Андоновски, како и амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Стефано Лазарото.

You May Also Like