Песни од „Коштана“ на Бит Фест

Вечер (среда, 18 јули) со почеток во 20:00 часот во Домот на АРМ во Битола, ќе се одржи концерт со песни од мјузиклот „Коштана“.

Вистинско доживување на сите сладокусци на убавата музика. Изведба на сите 16 нумери од цедето „Песни од Коштана“ на дуото Силви Бенд кое влегува во вековните проекти со рустичноста и древноста од 19 –тиот век, збогатено со голем придружен бенд, најубавите реплики на Митке и Коштана од истоимената драма, многу  фолклор и огромен перформанс на сцената.

Квалитетен мјузикл и перформанс кој изобилува со прекрасни песни и игри во кои во главната улога, во ликот на Коштана се појавува Силви Плевнеш, 40-ина луѓе на сцена, а Илија Струмениковски, доајенот на македонската драма го толкува ликот на Митке.

You May Also Like