Одбележан патронатот на Домот за деца „11 Октомври“

Со забава за која храната ја подготвија штитениците, денеска беше одбележан патрониот празник на Домот за деца без родители ”11 Октомври” во Скопје.

Овогодинешната „grill” забава во Домот „11 Октомври“, имаше и уште еден благороден повод за прослава – денес заврши десетдневната кампања за собирање средства за изградба на ботаничка градина во дворот на Домот.
На сите оние кои донираа за изградба на истата, како и на поддржувачите на Домот кои донираат во текот на целата година, им беа врачени благодарници како гест со кој би им се оддало признание за нивната хуманост и добрина.

„Задоволни сме и навистина изненадени од големиот одзив на донатори за акцијата за собирање средства за изградба на ботаничка градина за децата, на кои од срце им благодариме. Веруваме дека ова ниво на поддршка ќе продолжи и во иднина, бидејќи сите заинтересирани ќе можат да донираат за изградбата на градината и во следниот период. Дополнително, за сите оние кои постојано ни помагаат, можам само да им честитам за нивната доблест, добрина и отворено срце. Навистина, Ви благодариме”, изјави Ристенка Атанасовска, Директор на Домот „11 Октомври”.
На настанот беа присутни и Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, претставници на Министерството за земјоделие кои ќе донираат семиња за новата ботаничка градина, како и голем број компании кои донираа средства во кампањата. Дополнително, беа доделени благодарници и на медиумите, кои несебично ја поддржаа акцијата со отстапување на медиумски простор.

Кампањата за донирање за стаклена градина за Домот „11 Октомври” беше поддржана од МПМ Македонија, како главен медиумски покровител и Идеа Лаб.

 

You May Also Like