Одлична забава со рисот Спасе

На 12 и 19 јули во Зоолошката градина во Скопје се одржа настан за промоција на балканскиот рис- симбол на дивината во Македонија. Настанот го организираа Македонското еколошко друштво, Еко-свест и Фронт 21/42 во рамки на „Програмата за закрепнување на балканскиот рис“ поддржан од проектот „Да го спасиме синото срце на Европа“.

Ова е одличен начин на едукација и приближување на заштитените животни во Македонија до најмладата популација. Ваквите едукативни настани се одлична можност за младите преку забава и интерактивно дружење да се запознаат со природните богатства на Македонија – Даниела Јовановска од Македонското Еколошко Друштво.
Настаните имаа одлична посетеност од страна на најмладата популација која со голем интерес ги следеше интерактивните предавања. Во организирана прошетка во рамки на настанот, дечињата имаа можност и да се запознаат со рисовите кои живеат во Зоолошката градина и да го видат нивниот подмладок. За најсреќните беа доделени награди, а на сите учесници им беа поделени тематски боенки, информативни материјали и постери со рисот.
Дечињата имаа можност да ги споделат своите впечатоци преку цртеж или да остават порака до рисот. За најсреќните беа доделени награди. Ова се дел од пораките:

„Здраво Рису, јас се викам Миодраг и кога ќе пораснам ќе се грижам да ти биде убаво“.
„Рисот Спасе е македонскиот тигар!“ – напиша Гордана Богдановска
„Чувајте ги рисовите, тие имаат многу убави ушенца“ – напиша Ивона Ласкова
Од Матеј до рисот: „Македонија да е земја каде ќе се чувствуваш сигурно и
заштитено“.
„Заштитете го рисот тоа е нашето богатство“ – Ангелина Арсова
„Сакам да запознам уште многу рисови“ – напиша Матеј Зивовски
„Рису биди добар и чекај ме да пораснам и ќе ти помагам“ – Миодраг.

 

 

You May Also Like